Инструкции

Возраст

Внесете ја возраста на пациентот.

Вкупен број на заби и импланти

Внесете го вкупниот број на заби и импланти заради пресметување на процентот на крварење при сондирање (процент на BOP индексот): (1-32, може да се вклучат и умниците).

Број на “BOP” - позитивни места по заб / имплант

Внесете го бројот на места по заб или имплант (2, 4 или 6) на кои го мерите “BOP” индексот.

Број на 'BOP'-позитивни места

Внесете го бројот на 'BOP'-позитивни места (места каде има крварење).

Број на места со длабочина при сондирање ≥5mm

Внесете го бројот на места со длабочина при сондирање од 5 mm или поголема.

Број на заби кои недостасуваат

Внесете го вкупниот број на заби кои недостасуваат (1 - 28, умниците не се сметаат).

Процент на губиток на алвеоларна коска

Внесете го износот на губиток на алвеоларна коска на најизразените места во 10% степенски интервали. Појаснување - на периапикалните рендгенски снимки % на алвеоларна коска се споредува преку растојанието мерено 1 мм од глеѓно - дентинскиот спој до апексот на забот. Тоа растојание се дели на 10 дела. Секој дел ќе преставува 10% интервал. На снимките во загриs ('bitewing') процентот на изгубена коска се пресметувса како 10 % за 1 мм.

Системско заболување / Генетика

Одберете 'Да' за следниве системски или генетски заболувања: Дијабет тип 1 или 2, IL-1 (Интерлеукин 1) полиморфизам или Стрес.

Референца

Одберете 'Поранешен пушач (Пор.пуш.)' за лице кое престанало да пуши пред 5 или повеќе години. Одберете 'Повремен пушач (Пов.пуш.)' за лице кое конзумира по 10 цигари дневно. Одберете 'Пушач (пуш.)' за лице кое конзумира од 10 до 20 цигари дневно. Одберете 'Тежок пушач (Теж.пуш.)' за лице кое конзумира повеќе од 20 цигари дневно.


Reference

LANG N P, TONETTI M S: Periodontal risk assessment (PRA) for patients in supportive periodontal therapy (SPT). Oral Health Prev Dent 1: 7-16 (2003).

Download Article